Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануале Макрон поладнево имале двочасовен разговор во обид за смирување на тенизите околу украинската криза. Овој разговор доаѓа непосредно пред разговорот што вечерва ќе го имаат Путин и американскиот претседател Бајден.
Макрон го предупреди Путин дека „искрениот дијалог не е компатибилен со воената ескалација“ на украинската граница.Путин пак му порачал на францускиот претседател дека шпекулациите за инвазија на Украина се чиста шпекулација.
#BREAKING Putin tells Macron Ukraine invasion claims are 'provocative speculation': Kremlin pic.twitter.com/FtRNaoTfKK
— AFP News Agency (@AFP) February 12, 2022
Макрон и Путин, како што се наведува во соопштението од Елисејската палата „искажаа желба да го продолжат дијалогот“ за „начините за придвижување на имплементацијата на Договорот од Минск“ за Донбас и за „условите за безбедност и стабилност во Европа“.
Макрон на 7 февруари се сретна со Путин во Кремљ, а потоа отпатува за Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Голем број западни земји, но не и Франција, побараа од своите државјани да ја напуштат Украина, а Москва најави дека ќе го намали својот дипломатски персонал.