ВИДЕО: Неиздавање фискални, лица без сертификати, работа без документи- затворени четири угостителски објекти во Тетово

Од:

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи вчера биле извршени инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетово и околните населени места информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Притоа, времено се затворени четири објекти по член 64 од Законот за заштита на населението од заразни болести и од страна на ДПИ запечатени се со пломби. Во два објекта беа констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата. Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на УЈП по основ на неиздавање фискални сметки. Инаку, во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните ковид-сертификати (потврди), а во два објекта затекнати се лица без соодветни лиценци, кои вршеле работа како обезбедување на објектите, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица