По „Титаник“ СДСМ бара оставки од Мицкоски, Милошоски, Јанушев и сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами, притисоци врз граѓаните, уцени и страв кој го сееше режимот. Ова јавно признание на луѓе од врхушката на ВМРО-ДПМНЕ значи само едно – ВМРО-ДПМНЕ со години ја газеле волјата на граѓаните а сите изборни циклуси во нивна организација биле нелегитимни рече на прес конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ Костадин Ацевски.

– Јавно признание од главните соработници на Груевски, патронот на Мицкоски за злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ е потсетник дека не смееме никогаш повеќе да ни се повтори оваа партија на власт. Но, ова е помалиот проблем. Поголемиот проблем е што во Извршниот комитет на Мицкоски и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се уште има лица за кои има повеќе обвиненија. Го повикуваме Христијан Мицкоски, заедно со раководството да си поднесат оставки и да се повлечат. Второ, по вчерашните признанија, ги повикуваме сите останати од овој случај но и другите осудени во други случаи да понесат одговорност и признаат вина како нивните колеги. Тоа е добро за демократијата, за партијата и конечно за граѓаните. Трето, итно да прекинат со притисоци врз судството кои постојано ги прават со цел се спасат од прогон или ги намалат казните. Четврто, се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира ќе остане истата партија која ја киднапираше државата, вели Ацевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот