Изречени 44 санкции за недавање предност на пешаци во Скопје

Од:

Изречени се 44 казни за возачи кои не дале предност на пешаци во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (11.02.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата, санкционирани се 44 возачи кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Министерството за внатрешни работи продолжува со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е гостиварец кој со „ролс-ројс“ возеше 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

А1он

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Mакедонски државјанин на автопатот кај Ниш возеше со 214 километри на час – плати казна од 850 евра

А1он

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски