Според проценките од американската разузнавачка агенција ЦИА, светот во 2030 година ќе изгледа многу мрачно.
Taa го објави својот прв нацрт на своите последни размисли под наслов „Глобални трендови 2030“ во кој се претпоставува како би изгледал светот за 20 – тина години.
До 2030 ќе се реализираат повеќе процеси на меѓународен план, а кои веќе имаат тенденција да се реализираат. Тие ќе бидат главните прашања кои ќе го структурираат новиот свет: прашањето за ослободување на индивидуата, демографијата, дисперзија на моќта, енергијата, водата и храната. Влијание на овие процеси ќе зависи од клучните фактори: економијата и глобалното владеење, вооружените судири, технологијата и најважниот – улогата на САД.
Револуционерниот напредок на технологијата ќе ги промени значително меѓународните односи започнувајчи од генетски модифицираната исхрана, па се до клонирањето луѓе.
Според оваа динамика, можни се три сценаријa за 2030 година: „Враќањето назад“, „Процес на соработка“ или „Дезинтеграција“.
Според авторите на предвидувањето, најмногу веројатно е последното сценарио.
Неурамнотежениот економски раст ги дава картите на моќните раце, па Западот ќе ослабне наспроти Азија, додека нестабилноста на пазарите и климатските промени како најголема закана за светот ќе го направат останатото.