Вулин: Европол ни јави дека атентатот на Вучиќ е подготвуван за првата половина на февруари

Од:

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин денеска изјави дека претседателот Александар Вучиќ бил политичка цел на водачот на црногорскиот кавачки клан Радоје Звицер и дека Европол ја предупредил Србија дека атентатот е подготвен за првата половина на овој месец, јави дописникот на МИА од Белград.

-Александар Вучиќ не е човек кој се занимава со криминал за да учествува во мафијашки судири, туку исклучиво се занимава со политика, кажа Вулин за време на гостувањето на ТВ Пинк.

Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, во која тој отфрли дека има некаква врска со наводите за убиството на Вучиќ, Вулин кажа дека Ѓукановиќ никогаш не бил спомнат во тој контекст, туку дека самиот „се препознал како шеф на Радоје Звицер“.

-Во Црна Гора, која има нешто помалку гласачи од Нов Белград, никој не забележа дека се формирани двата најмоќни европски клана – Кавачкиот и Шкаљарскиот. Тоа не го забележаа ниту агенцијата за безбедност, ниту полицијата, ниту политиката. Звицер не би постоел да немаше политички шеф, изјави Вулин, додавајќи дека Радоје Звицер „ќе мора да бега и да се сокрива“, а да за тоа му е виновен Александар Вучиќ.

Зарем мислите дека политичкиот шеф не го гледа Александар Вучиќ како најголема пречка на Балканот. Вучиќ го уништи најмоќниот и најсуров клан во Европа. Од Европол кажаа дека се згрозиле кога виделе што работеле Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, нагласи српскиот министер на полицијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“