Расчистена тешка кражба во Битола, еден приведен, украденото вратено на сопственикот

Од:

Вчера вечер, во 23.50 часот на улицата „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Битола, информира МВР.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по чл.236 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело и се вратени на сопственикот.

Тој е приведен во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена