56-годишен маж од Гевгелија загина во сообраќајка

Од:

Вчера вечер во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот С.С. од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, двете со гевгелиски регистарски ознаки, информира МВР.

На местото на несреќата починал возачот С.С.. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршиле екипа од ОВР Гевгелија и Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски