Во тешка сообраќајка загина 44-годишен маж од Радовиш

Од:

Вчера попладне во 14.38 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип–Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Ј.Ј. од Скопје и товарно возило „цитроен берлинго“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.В. од Радовиш, информира МВР.

– На местото на несреќата починал возачот М.В., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ј. и сопатникот од истото возило А.Џ.(44) од Скопје, констатирани во Клиничката болница во Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски

Руско семејство со дете е повредено на автопатот во близина на Бања Лука

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе