Главната опозициска партија во Камбоџа, Камбоџанска партија за национало ослободување (КСР) на Сам Ренси ги отфрли денеска резултатите од изборите на кои победи Камбоџанската народна партија (КПК) на долгогодишниот премиер Хун Сен.
КСР соопшти дека ќе бара истрага за нерегуларностите за време на општите избори.
Владата вчера соопшти дека КПК победила на изборите, освојувајќи 68 места во 123-члениот Парламент, а КСР 55.
КСР, чија кампања беше зајакната со враќањето од егзил на нејзиниот лидер Ренси, истакна дека ќе бара составување на комисија од претставници на КСР, КПК, Обединетите нации и Националната изборна комисија, со цел да се испита изборниот процес.