ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ-СДСМ крими ортаци – Јавни претпријатија во Струга плаќаат астрономски кирии во локали на лица блиски до власта

Од:

„Крими ортаците ДУИ и СДСМ одлично функционираат како на централно така и на локално ниво. Пример за функционирањето на криминалната коалиција наречена ДУИ- СДСМ е општината Струга кај што главниот шериф е Рамиз Мерко“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено Мерко го продал земјиштето и објектот на јавното водоводно претпријатие во Струга и сега со години плаќа астрономски кирии во приватен објект. За деловните простории во сопственост на лица блиски до Рамиз Мерко, во кои сега е сместено јавното претпријатие, се плаќа месечна кирија над 3.000 евра. Според информациите на јавноста оваа кирија е повисока за 5 до 10 пати од киријата која ја плаќаат други приватни компании кои се сместени во други локали во истиот објект.

Да биде корупциската приказна целосна, тука е СДСМ, ортакот на ДУИ во криминалите. Јавното претпријатие за паркинг услуги во Струга, Еко Струга, раководено од кадар на СДСМ, исто така е сместено во истиот објект, но во друг локал, и тие плаќаат над 2000 евра месечна кирија. Веројатно и овој локал е во сопственост на луѓе блиско до власта.

Закупнината која ја плаќаат двете јавни претпријатија, која измесува над 5000 евра месечно, со полномоштво се исплаќаат на кај трети лица, а не кај сопствениците на локалите. Ова дополнително создава сомнежи за криминал, кој мора да биде истражен, и доколку се потврди да се санкционира.

Ова е типичен пример дека ДУИ ги осиромашува граѓаните, вклучително и Албанците, и нивните пари нетранспарентно и недомаќински ги троши за да богати субјекти блиски до партијата или нивните функционери“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче