Кривична пријава за сметководителка од Струмица – си враќала пари за позајмица која никогаш не ја дала

Од:

Струмичанка доби кривична пријава поради злоупотреба на службената положба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Л.К.(43) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ по член 353 и „послужување“ по член 240 од Кривичниот законик.

Пријавената Л.К., во својство на сметководител на два правни субјекта од Струмица кои се во стечајна постапка, а биле нејзина сопственост, противправно присвоила 535.300 денари. Делата ги сторила така што на својата лична сметка незаконски враќала парични средства од правните лица по основ „поврат на позајмица“, иако таа никогаш немала дадено позајмица во двата правни субјекта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР