Зеленски: Распоредувањето на руски војници во близина на границата на Украина е психолошки притисок

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди распоредувањето руски војници во близина на границите на Украина како средство за „психолошки притисок“, на денот на започнувањето на заедничките руско-белоруски воени вежби на територијата на Белорусија.

– Сметаме дека распоредувањето на војници во близина на нашите граници е средство за психолошки притисок од нашите соседи, истакна Зеленски.

Руската и белоруската армија денеска почнаа десетдневни воени вежби во Белорусија. Киев и Западот стравуваат дека акумулацијата на руските сили во близина на Украина сугерира инвазија врз таа земја. Русија негира дека планира напад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски