Дриан: Ситуацијата во Украина е „многу сериозна“

Од:

Ситуацијата во Украина е „многу сериозна“, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА.

– Сметам дека ситуацијата во Украина е многу сериозна, да не се залажуваме себеси, рече тој за Франс Интер.

Русија си даде средства да започне агресија против Украина, тоа е реалност, подвлече Жан-Ив Ле Дриан.

-Според моите сознанија, не е донесена одлука во врска со ова, но со оглед на распоредувањето на руските војници на границата веќе неколку месеци, како и воените маневри во тек, „има причина за загриженост“.

Западните земји ја обвинуваат Русија дека во последните месеци собрала неколку десетици илјади војници, тешка артилерија и ракетни системи во близина на границите на Украина и дека организирала воени маневри во Белорусија, што ги зголемило стравувањата од инвазија на украинска територија. Москва негира таков проект.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски