Apple на 6-ти септември ќе го претстави најновиот модел на iPhone.
Телефонот со ознака 5S ќе пристигне во две верзии, односно со различна големина на екранот.
Можно е еден од нив да биде наменет за пазарот во развој како Бразил и Индија, па поради тоа ќе биде многу поефтин и ќе биде изработен од пластика.
Ова ќе биде седма генерација на iPhone, претставена во септември. Официјалната продажба на новиот телефон ќе започне 10 дена по премиерата.