Конте би сакал да работи повторно со Ериксен

Од:

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте признава дека би сакал да го види Кристијан Ериксен назад во својот тим по крајот на неговиот шестмесечен договор со Брентфорд, откако Данецот се врати на фудбалот по срцевиот удар кој го имаше на минатогодишното Европско првенство.

Конте работеше со Ериксен минатите две сезони додека беше тренер на Интер, иако на почетокот не беше задоволен од формата на Данецот, пред и двајцата да си заминат од Италија, Конте откако клубот реши да ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, а Ериксен со раскинување на договорот откако правилата не му дозволуваа да игра во Италија со минијатурниот дефибрилатор.

Конте откри дека минатиот викенд случајно се сретнал со Ериксен во хотелот во Лондон каде што двајцата престојуваат, но дека нема преговори за негово враќање, барем до летото.

„Искрено бев изненаден од ситуацијата, бидејќи си мислев дека на Кристијан му е потребно повеќе време да се врати во Англија. Секако, Ериксен е дел од приказната на Тотенхем и да се врати тука би била одлична шанса за него, за мене и за клубот. Но, сега има договор со Брентфорд во следните шест месеци и ќе видиме што ќе се случи потоа. Се сретнав со него во неделата и беше убаво да се види со неговото семејство. На теренот во Интер имавме добро искуство, поминавме две убави сезони. Не знаете што ќе се случи во иднина, и би било добро да работиме заедно“, вели Конте.

Би можело да ве интересира

Тухел со условна суспензија од еден меч, Конте избегна казна

Конте му се налутил на колегата од Баерн, Јулијан Нагелсман

Ериксен се враќа во Премиер лигата

А1он

Конте го чека многу работа во Тотенхем

А1он

Конте официјално нов тренер на Тотенхем

Титулата си ја посветувам на самиот себеси, вели Конте

Жарко Настоски