Жителите на Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати синоќа исплашени поради експлозија на плинска боца во една од зградите во центарот на градот, излегоа на улиците.
Пожарот што избувнал бил изгаснат многу брзо и нема човечки жртви, јави државната новинска агенција.
Дел од меѓународните медиуми известија за „експлозиите“ во Абу Даби, додека на Твитер беше објавено видео за кое корисниците велат дека е од инцидентот, на кое се гледа моментот на експлозијата и избувнувањето на пожар во зградата и полициските возила на улицата.
Yerel kaynakların aktardığı bilgilere göre #AbuDhabi'de yaşanan patlamanın Hussiler tarafından yapılmış bir füze saldırısı olabileceği yönünde. pic.twitter.com/Qsh6lF9DPN
— Erhan Akbaş (@akbaserhan) February 8, 2022
Инцидентот предизвика страв од можен напад на јеменските бунтовници Хуту, одговорни за нападот со беспилотно летало врз нафтените постројки во главниот град на ОАЕ во јануари, што резултираше со три смртни случаи.
Во последните недели, Емиратите спречија други ракетни напади насочени кон земјата.
Властите нагласија дека сите дежурни екипи се справуваат со ситуацијата и ја повикаа јавноста „да ги следи вестите на официјалните власти на Обединетите Арапски Емирати и да избегнува ширење гласини и лажни информации“.