Телефонски разговор Блинкен-Чавушоглу

Од:

Државниот секретар Ентони Блинкен разговараше денеска со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, двајцата дискутираа за подобрување на координацијата и сојузништвото во НАТО а поврзано со заканата од можна руска ескалација и агресија во Украина.

-Државниот секретар ги истакна нашите споделени заложби за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, и го истакна ангажманот на претседателот Ердоган за дипломатско решение, се вели во соопштението.

Лидерите дискутираа и за нормализација меѓу Турција и Ерменија и дополнителните чекори што САД можат да ги направат за поддршка на овие напори. Тие исто така ги разгледаа можностите за одржување на здрави американско-турски билатерални односи, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа