Општина Струга ги урива дивите платфори долж крајбрежјето

Од:

Општина Струга почна да ги урива дивоизградените платформи поставени во Охридското Езеро на потегот од истекот на реката Црн Дрим долж крајбрежјето, на плажите „Галеб“ и „Пливалиште“.

Градоначалникот Зијадин Села уште еднаш нагласи дека законите ќе се спроведуваат за сите подеднакво.

– Нема да работам селективно. Законите мора да се почитуваат и на тој принцип ќе се работи. Платформите ги рушат законот и инспекциите, а не општината, изјави Села.

Прашан за објектот изграден во непосредна близина на устието на реката Црн Дрим, за кој кривични пријави заработија поранешните градоначалник Рамиз Мерко и член на општинскиот Совет Пулум Ќура.

– Oколу тој објект има една одлука на Советот за легализација и тоа два пати гласана. Поднесена е иницијатива до Уставен суд и кога ќе падне одлуката на Советот, тоа ќе се случи и со овој објект, истакна Села.

Советниците на една од наредните седници треба да ја разгледуваат состојбата со објектите на ривиерата, по што ќе следи одлука за уредување на крајбрежјето.

Локалната самоуправа пред две недели ги отстрани дивоиградените објетки лоцирани покрај кејот на реката Црн Дрим.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга