Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Од:

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 јануари до 6 февруари, регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2 отсто во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 22,5 до 35,6 отсто, просечно 29,5 проценти.

Тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на ковид, со намалување од 13,2 проценти во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци. Во однос на возраста, најмногу новозаразени има кај лицата над 60 години и 30-39 години, а најмал кај децата до 9-годишна возраст.

Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9 проценти кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4 отсто и над 10-19г со 16,5 проценти зголемување во однос на претходната недела.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус оздравени се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0 проценти во однос на претходната недела.

Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7 проценти помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51). Во однос на возраста, најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40-49 години (1) и 30-39 години (2).

Од почетокот на вакцинацијата, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство . Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза се вакцинирани 132.488 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски