Не се објавуваат име и презиме, позитивните од денес со матичен број си ги преземаат решенијата за изолација од сајтот на ДСЗИ

Од:

Позитивните пациенти на коронавирус и нивните контакти од денес можат да си ги преземат решенијата за изолација од сајтот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). На сајтот е поставен линк кој води до страницата vakcinacija.mk, каде што всушност се поставени решенијата, а до него може да се пристапи и директно. Пациентите се најавуваат со матичен број и креираат своја лозинка за пристап, доколку тоа веќе не го направиле за да преземат вакцинални сертификати кои се објавени на истиот начин како што се објавуваат сега и решенијата. До профилот пристап има само лицето што ќе го внесе матичниот број и лозинката, не се објавуваат име и презиме на позитивните.

„Од денес, секој пациент кој е позитивен и неговите контакти, секој сам, може да го симне своето решение преку сајтот на ДСЗИ, следејќи ги насоките кои ги добива од системот. Ова важи за сите лица кои се позитивни и нивни контакти од списоците добиени од Институтот за јавно здравје на 01.02.2022 година, што кореспондира со одлуката на Влада. Опфатени се сите лица од списоците од 1 февруари до денес“, вели Иринка Сотирова – Бухова, директорка на ДСЗИ за „А1он“.

Секое лице кое се тестира за Ковид – 19 е должно по тестирањето да се самоизолира и да го чека резултатот од тестот. Доколку резултатот е позитивен лицето останува во изолација седум дена, ако е без симптоми или десет дена во консултација со матичниот лекар, а доколку има потреба и повеќе. Изолација за контактите не се одредува ако се вакцинирани со две дози и ако од втората доза не се поминати повеќе од шест месеци. Ако се поминати шест месеци епидемиолозите предлагаат изолација.

Електронското преземање на решенијата ќе го скрати јазот за нивна достава кој во некои случаи беше долг како и изолацијата. Од Инспекторатот велат дека Македонија била меѓу последните земји во Европа кои доставуваа хартиени решенија за изолација.

Би можело да ве интересира

Се испитува смртта на 14-месечното бебе, инспектори на Детската клиника и болницата Козле

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

На Токсикологија работеле лица без договор за работа, Инспекторатот им забрани пристап до клиниката

A1on