Барди доби две години условно за лажната возачка дозвола

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на четиримесечна затворска казна поради користење на лажна возачка дозвола. Шпанските медиуми откриваат дека Барди ја признал вината и ја прифатил казната откако на судењето во Валенсија било потврдено дека документот е лажен.

Сепак, судијата веднаш ја заменил затворската казна со условна казна од две години, со напомена дека македонскиот репрезентативец не смее да направи ново кривично дело во тој период.

Барди во април минатата година бил запрен од полицијата во Валенсија во рутинска контрола, а потоа било утврдено дека возачката дозвола не е изработена според пропишаните стандарди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

Енис Барди пред трансфер во Трабзонспор

Катерина Ѓуровски

Барди во тимот на колот во Ла Лига

А1он

Барди: Да продолжиме да го негуваме победничкиот менталитет

А1он

Барди поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Лихтенштајн и Германија

Катерина Ѓуровски

Барди отпадна, Младеновски и Стоилов дополнително повикани во македонската репрезентација

А1он