Судија им забрани на демонтрантите во Отава да ги користат свирките на камионите на протестот против вакцинацијата

Од:

Канадски суд издаде привремена забрана за демонстрантите кои протестираат против задолжителната вакцинација против Ковид 19 во центарот на Отава повеќе од 10 дена. Забраната од 10 дена има за цел да ги спречи луѓето да трубат со сирени во центарот на градот. Адвокат поднесе колективна тужба во име на жителите на канадскиот главен град.

Во барањето за забрана се наведува дека постојаната употреба на труби и сирени била клучна тактика на демонстрантите, кои организирале и планирале да предизвикаат сериозни непријатности кај жителите на Отава.

Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон прогласи вонредна состојба во неделата поради десетдневните протести на камионџиите кои блокираа голем дел од канадскиот главен град. „Конвојот на слободата“ почна како протест против обврската да се вакцинираат канадските камионџии, но се претвори во општ јавен протест против анти-ковид мерките и владата на премиерот Џастин Трудо.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто