Белорусија планира да испрати до 200 војници во Сирија кои ќе дејствуваат заедно со руските сили во земјата, се вели во документ објавен денеска од руската Влада, јави Бета.
Во нацрт-договорот меѓу Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, кој беше поддржан од рускиот премиер Михаил Мишустин, се наведува дека белоруските војници ќе работат на обезбедување „хуманитарна помош“ за населението надвор од борбените зони.
Русија спроведува воени операции во Сирија од 2015 година, кога се здружи со Иран за да и помогне на Владата на сирискиот претседател Башар Асад да ја врати контролата врз поголемиот дел од земјата уништена од граѓанската војна.
Планираното распоредување на белоруски трупи во Сирија ги одразува растечките одбранбени врски меѓу Минск и Москва, две соседни сојузнички земји.
Во последните недели, Русија ги премести војниците од Сибир и Далечниот Исток во Белорусија за заеднички воени вежби. Преместувањето на војниците ги зголеми стравувањата на Запад и Киев од можна руска инвазија на Украина, во близина на чија граница Москва претходно распореди околу 100.000 војници.
Белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој се повеќе се потпира на политичката и финансиската поддршка на Кремљ по воведувањето на острите западни санкции против он Минск, е за поблиски одбранбени врски со Русија. Тој неодамна и понуди на Русија да распореди нуклеарно оружје во Белорусија.
Извор: МИА