Дојава за бомба во пристаништето Бар, работниците експресно евакуирани

Од:

Црногорската полиција во моментов проверува дали е поставена експлозивна направа во пристаништето Бар, изјавија за „Вијести“ од Полициската управа (УП).

Од пристаништето соопштија дека вработените веднаш биле евакуирани и дека нивните вработени преземаат мерки и дејствија од нивна надлежност.

Радио Бар јави дека машки глас анонимно пријавил дека во пристаништето Бар е поставен експлозив. Повикот бил околу 12 часот од непознат број, и притоа мажот им соопштил дека доколку не ја известат полицијата „за 10 минути цел Бар ќе биде кренат во воздух“, пренесе весникот „Вијести“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните