Најмалку 20 луѓе загинаа а 55.000 се раселени поради циклонот Бацирај кој го погоди Мадагаскар. Невремето го опустоши земјоделскиот центар на островот погоден од суша, поради што Обединетите нации предупредија на влошување на хуманитарната криза.
Мадагаскар пред неколку недели го потресе тропска бура која уби 55 луѓе, а последното невреме случи во време кога јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса рече дека континентот „ја поднесува и тежината и цената“ на глобалното затоплување.
Претставникот на УНИЦЕФ во земјата, Жан Беноа Манхес, изјави Бацирај го напуштил Мадагаскар утринава во 7 часот (04:00 часот по Гринич) и се упатил кон Мозамбикскиот теснец.
УНИЦЕФ предупреди дека многу од жртвите веројатно се деца, кои сочинуваат повеќе од 50 отсто од населението во земјата.
Агенцјата на ОН информира дека се урнати покривите на неколку училишта и здравствени центри во погодените области.
Бацирај го поштеди главниот град Антананариво и главното пристаниште на островот Таматаве, што доведе до помалку жртви отколку што првично стравуваа властите и хуманитарните организации, кои предупредија дека може да бидат погодени речиси 600.000 луѓе, а 140.000 да бидат раселени.