Стоилковски: Власта му кажуваше на народот каде смее да протестира, сега му кажува како смее да размислува

Од:

Му кажуваа на народот каде смее да протестира, сега му кажуваат како смее да размислува. Авторитарниот режим на Заевизмот чиј администратор е пиунот Ковачевски скандалозно бара во Законот за граѓанска одговорноста да се казнува за искажано негативно мислење, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во врска со предлог Законот за граѓанска одговорност во која власта предвидува да се оговара за негативно мислење.

Стоилковски истакна дека тоа е скандалозно и со тоа власта сака да го репресира народот за секоја критика на нивните лоши политики и за владеењето на криминалот и корупцијата.

– Ова за жал не е преседан и грешка, туку е тенденција која трае неколку години. Така во 2019-та година истата власт на заевизмот бараше ограничување на правото на протест, меѓу другото и со забранување на протести пред седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив. А каде граѓаните да го изразат револтот за лоши политики, ако не пред институциите кои тоа го предизвикуваат, потенцираше Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче