СДСМ: Расте очајот во Белиот дворец, нов ден, нова лага на ВМРО-ДПМНЕ за министерот Николовски

Од:

„Апсолутна невистина се денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ за наводна поврзаност со луѓето кои учествувале во инцидентот кој се случил на 24.01.2022 во угостителски објект во Крива Паланка“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во врска со овој настан надлежните институции имаат реагирано навреме и преземени се сите потребни мерки. Инцидентот бил пријавен и веднаш имало реакција од страна на МВР Крива Паланка, при што две лица биле приведени истата вечер. Дополнително од страна на ПС Крива Паланка за случајот е информиран и надлежен јавен обвинител.

Пред законот сите се еднакви, секој кој го прекршил ќе одговара. Во ВМРО-ДПМНЕ огромен е очајот па затоа секојдневно со лаги неосновано напаѓаат членови на Владата.

Знаат и самите дека Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните додека нивните градоначалници не работат ништо па затоа имаат потреба секојдневно да конструираат случаи со кои ја манипулираат јавноста“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар