ВМРО-ДПМНЕ: МВР потврди, дале пола милион евра за соларни бојлери на фирмата за камионски транспорт позната по 2 машини за перење од 25.500 евра

Од:

„МВР во интерес на граѓаните мора да излезе од канџите на Спасовски и да не биде покритие на криминалот и корупцијата на СДСМ. МВР заради Оливер Спасовски е доведена во состојба потврдувањето на скандалите да ги нарекува демант на дезинформации, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на МВР.

„МВР на Оливер Спасовски наместо да ги демантира, ги потврди наводите дека доделил половина милион евра тендер за соларни панели за топла вода на мала фирма за товарен транспорт којашто е вмешана во коруптивен скандал за којшто знае цела Македонија.

Наместо да признае дека се работи за скандал, МВР на Спасовски уште и додава дека на два пати оваа фирма за товарен транспорт за МВР била подобар избор од специјализирани фирми за соларни панели и водоинсталатерски изведувања.

Прашање за коешто СДСМ и МВР на Спасовски немаат одговор е како воопшто на фирма за камионски транспорт и доделуваат да мести соларни панели и водоинсталатерски работи во полициски објекти?

Уште повеќе, зад флоскули за „зелена енергија” МВР на Оливер Спасовски сокрива дека станува збор за фирма којашто била редовен корисник на тендерите на СДСМ во Ѓорче Петров, меѓу кои и за две машини за перење коишто ги вреднувал дури 25.500 евра, а за којшто скандал се уште нема истрага.

СДСМ и МВР на Оливер Спасовски со ова само покажуваат дека сето МВР е само алатка за криминалот и корупцијата на власта“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски