Макрон телефонски разговараше со Џонсон за украинската криза

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон за украинската криза, соопшти Елисејската палата.

Како што е наведено, тој ја истакнал потребата од одржување дијалог за деескалација на ситуацијата.

Макрон денеска телефонски разговараше и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а како што е соопштено од неговиот кабинет, тој ја истакнал „потребата да се продолжи со напорите за деескалација преку дијалог, притоа почитувајќи ги основните принципи на европската безбедност суверенитетот на државата и правата што произлегуваат од тоа“.

Во четвртокот Макрон имаше одвоени разговори со рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, за можностите за продолжување на дипломатскиот пат што ќе доведе до деескалација на украинската криза.

Според најавите од Елисејската палата, тој на 7 февруари ќе отпатува за Москва на разговор со Путин, а ден подоцна во Украина, каде ќе разговара со Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Нападната е Одеса, тројца се повредени, пламнаа пожари

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Песков: ЕУ сака да продолжи конфликтот во Украина