Епидемиологот и член на Кризниот штаб во Србија, Предраг Кон смета дека земјата е во пикот на бранот на епидемијата, додавајќи дека во наредните недели може да се очекува постепено ублажување.
Во последните 24 часа се тестирани 28.372 примероци, од кои 12.736 биле позитивни. Во последното деноноќие починале 60 лица, а 153 пациенти се на респиратор.
Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани 1.757.741 случаи на коронавирус, а починале 13.928 лица. Стапката на смртност во Србија е 0,79, објавено е на веб-страницата covid19.rs.
Распустите во Србија за основците и средношколците се продолжени.