САД: Кинескиот претседател имаше можност да го убеди Путин да ги смири тензиите со Украина

Од:

Средбата меѓу кинескиот и рускиот претседател Си Џинпинг и Владимир Путин во Пекинг требаше да биде можност Кина да ја мотивира Русија да ги намали тензиите со Украина, изјави синоќа шефот на американскиот Стејт департмент за Источна Азија, Даниел Критенбринк.

– Таков пристап е она што светот го очекува од одговорните сили, изјави Критенбринк пред новинарите, осврнувајќи се на средбата меѓу кинескиот и рускиот претседател на која тие прогласија силно стратешко партнерство.

– Средбата требаше да биде можност Кина да ја охрабри Русија да продолжи со дипломатијата и деескалација во Украина. Украина, дури и кога го срами Пекинг, ја оштетува безбедноста на Европа и го ризикува глобалниот мир и економската стабилност“, рече Критенбринк.

– Ако Русија ја нападне Украина и Кина ја сврти главата, тоа сугерира дека Кина е подготвена да ги толерира или премолчено да ги поддржи напорите на Русија да изврши притисок врз Украина, дури и кога го срамоти Пекинг, ја наштетува на безбедноста на Европа и го ризикува глобалниот мир и економската стабилнос“, оцени Критенбринк.

Русија и Кина, во вчерашната заедничка изјава, го повикаа НАТО да го запре ширењето кон исток, а Москва нагласи дека ја поддржува позицијата на Пекинг за Тајван и се противи на независноста на островската држава во која било форма. Заедничката изјава, која вклучува жестоки критики за САД, беше објавена за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина по повод Зимските олимписки игри.

Критенбринк рече дека средбата и заедничкиот став го одразуваат пристапот кој Кина и Русија го имаат веќе некое време, односно дека се приближуваат.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа вчера во Пекинг во пресрет на отворањето на Зимските олимписки игри, каде меѓу другото разговараа и за актуелната криза меѓу НАТО и Русија.

Осврнувајќи се на руските интереси во Украина, кинескиот претседател истакна дека ги разбира и ги поддржува предлозите на Руската Федерација за формирање долгорочни и правно обврзувачки безбедносни гаранции во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак