Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска ќе се одржи неформална средба меѓу припадниците на Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Асоцијацијата на воени аташеа и НАТО советодавниот тим.
На настанот најавено е присуство на министерот за одбрана Талат Џафери.
Неформалната средба е во организација на командантот на Здружената оперативна команда бригадниот генерал Методија Величковски. Настанот ќе биде збогатен со настапот на рок бендот „Деј офф“, а планирано е да биде отворен и мини плоштад пред Здружената оперативна команда во касарната.
Слични средби на претставниците на АРМ неколку пати досега се одржани на иницијатива на началникот на Генералштабот на АРМ.
Ваквите средби се вообичаени во земјите на НАТО и придонесуваат за зацврстување на воспоставените стандарди за дружење на персоналот надвор од работното време, стекнување на нови пријателства и размена на искуства.