ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Од:

Поглаварите на верските заедници во Македонија и министерот за здравство Беким Сали денес од спомен-куќата „Мајка Тереза“ упатија заеднички повик кон верниците да се вакцинираат. Министерот Сали повика секој граѓанин сериозно да ја сфати потребата од вакцинација.

„Во време на пандемија кога речиси секој од нас е погоден од вирусот, кога дел од нас изгубивме наши драги и најблиски, посакувам на овој заеднички начин да упатиме секој граѓанин да ја сфати сериозно потребата за вакцинација, да одговори на нашиот повик за вакцинација и да не дозволи никој да ги поколеба во стремежот за спасување на својот и на животот на луѓето околу нас, од оваа чума која веќе две години го смени и начинот на нашето живеење. Ја користам оваа прилика заедно со челниците на верските заедници да им се заблагодарам за оваа благородна иницијатива и уште еднаш да ве повикам сите да се вакцинирате, убеден дека ова е најбезбеден начин за заштита од вирусот и единствениот начин за спречување на ширењето на инфекцијата, затоа ве молам вакцинирајте се“, рече министерот Сали.

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Шаќир Фетаху одговарајќи на новинарско прашање дали за време на богослужбите повикуваат на вакцинација, рече дека од почетокот на кризата ги почитуваат сите препораки од Светската здравствена организација.

„Во секој момент апелиравме луѓето да се држат до сите мерки што ги донесовме како ИВЗ во рамките на Министерството за здравство. Апелирањето беше не само преку ИВЗ туку се апелираше во сите џамии, на секоја петочна молитва, во сите меџлиси, групи и слично, и мислам дека тоа беше многу успешна работа. Што се однесува пак до вакцинацијата, ИВЗ имаше наредба кај сите верници вакцинацијата да се зема сериозно затоа што е одлука на СЗО“, рече поглаварот Фетаху.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан се приклучи на заедничкиот апел со поглаварите на верските заедници апелираше граѓаните и верниците да се придржуваат до мерките што институциите веќе втора година ги упатуваат.

„МПЦ преку соопштенија повеќепати во изминативе две години како и во посланијата за поголемите празници апелираше до верниот народ да се придржуваат на она што институциите апелираа. И овој пат ќе кажам, подобро е нешто да го спречиме отколку да го лечиме. Овој апел така треба да се разбере, упатен е до сите верници“, рече поглаварот на МПЦ.

Заедничкиот апел до верниците го поддржаа и Киро Стојанов, бискупот на Католичката црква и Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска