Во една македонска приватна клиника е детектиран и потврден со секвенционирање BA.2 под-сојот од линијата B.1.1.529 на омикрон SARS-CoV-2, познат како „stealth“ омикрон.
Се работи за пациент кој не патувал никаде во изминатиов период и е двојно вакциниран во февруари минатата година.
Инфекцијата кај него се манифестирала со лесна клиничка слика – зголемена телесна температура (38-39°C) во времетраење од едно деноноќие. Остатокот од времето на изолација го поминал без појава на дополнителни симптоми.