Груевски: Чувајте и негувајте ја врската со Македонија

Од:

Продолжете да работите на она што е најважно, а тоа е зачувувањето на врските со Македонија, зачувувањето и промовирањето на македонскиот национален и културен идентититет. Бидете сплотени и чувајте ја традицијата, македонските песни и фолклор и пренесувајте им ги македонските обичаи на помладите, им порача премиерот Никола Груевски на македонските иселеници.

На гала вечерта на која му беше доделена награда, Груевски истакна дека македонските иселеници имаат право да знаат, но и обврска да бидат вклучени во процесите што се случуваат внатре во Македонија.

– Република Македонија денеска е самостојна и демократска држава и таа не е само држава на граѓаните кои живеат во неа, туку матична држава и на Македонците од целиот свет. Сите заедно мораме да работиме за да успееме. Затоа како премиер и Влада сме силно фокусирани и воведуваме активности кои и овозможуваат на дијаспората повеќе работи, рече Груевски.

Одлуката да и се даде право на глас на дијапората, Груевски ја оцени како придобивка во подигнувањето на правата на иселениците.

– Сметам дека оваа одлука е од непроценливо значење и силно верувам во нејзината исправност, нагласи Груевски.

Потсети дека сегашната влада е првата која ангажирала над 30 луѓе од дијаспората на значајни функции како во редовите на Владата, така и како амбасадори, економски промотори.

– Со тоа не само што покажуваме дека како Влада се трудиме да ги ангажираме врвните кадри на најважни позиции, туку и јасно укажуваме дека независно кој каде живее, сите сме исто, сите сме Македонци каде и да сме. Овие луѓе не се ангажирани само затоа што се од дијаспората. Поголем дел од нив немаат никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ и со партискиот живот во Македонија. Тие беа ангажирани пред се заради нивната способност, капацитет, знаење, искуство, амбиција и желба да и помогнат на Македонија што во минатото не се ценеше и не се користеше. Ова е вистинското поврзување на матицата со дијаспората. Заедно сплотени со иста цел за подобра и поуспешна Македонија, потенцира Груевски.

Нагласи дека Владата останува посветена на евроинтегративните процеси и оти нуди конкретни иницијативи за решавање на прашањето со името со јужниот сосед.

– Членството во Европската унија и полноправното членство во НАТО е нешто што го посакуваме пред се поради бенефитот на граѓаните. Македонскиот напредок е забележан од сите меѓународни институции. Остануваме посветени на нашите европски и евроатлански интеграции, нудиме конкретни иницијативи и чекори да го решиме отвореното прашање со јужниот сосед кое е единствена наша препрека да овозможиме дијалог и решение за кое задолжително ќе решаваме на референдум, рече Груевски.

Според него, на Македонија двапати и се случила неправда во Букурешт, но тоа не треба да обесхрабрува и демотивира.

Напротив, смета премиерот, во услови на неправда треба дополнително да се мобилизираме за двојно да ги зголемиме нашите напори.

– Да се однесуваме посветено, одговорно, да донесуваме мудри одлуки и да работиме, порача Груевски.

Осврнувајќи се на случувањата во државата, Груевски оцени дека има структури кои забораваат на државните и националните интереси, а патриотизмот го сметаат за ретрограден.

– Има луѓе кои се противат на создавањето и градењето на објекти и одбележувањето на македонските херои, на изградбата на училишта и болници и повеќе сакаат да рушат, претставувајќи го рушењето, а не градењето како основна политичка платформа. За сите оние кои критикуваат би им порачал дека ова што го работиме, го правиме затоа што имаме поддршка од народот, од мнозинството граѓани и таа ни е најважна.

– Народот седум пати по ред ни ја даде таа поддршка и истовремено најдобро ги демантира сите овие неосновани критики. Ние секогаш сме подготвени да ја побарале подрршката и доверата од народот за одбрана на нашите политики и позиции во услови кога се работи за вистинските правци и определби од државно значење, потенцира премиерот Груевски во своето обраќање пред македонските иселеници.

На гала вечерта наградата за животно дело му беше врачена и на Атанас Коларовски на неговиот ангажман околу промоцијата на македонскиот фолклор.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on