ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорното однесување на Ковачевски во време на пандемија е закана за јавното здравје, Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријава

Од:

„Димитар Ковачевски, како премиер во владата, и човек кој што треба да биде пример за почитување на законите, и КОВИД протоколите, јавно на владина седница ги крши протоколите, и не носи маска во затворен простор“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Ненад Коциќ.

„Димитар Ковачевски со своето неодговорно однесување е закана за јавното здравје и причинител за поголемо ширење на корона вирусот.

Ковачевски наместо да дава пример како се почитуваат законите, тој ги крши, затоа го повикуваме и Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријава против Ковачевски.

Воедно напоменуваме пратеникот Коциќ да ги остави здравствените работници да си ја вршат работата, и да не ги злоупотребува како во време на кампања, кога во работно време ги тераше да се сликаат со него наместо да ја работат својата благородна работа.

Во СДСМ нема ниту етика, ниту морал, а ниту пак почит за законите. СДСМ се причина за сите кризи во државата, воедно и големата здравствена криза“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче