Иванов: Илинденскиот марш е предизвик, но и привилегија и чест

Од:

Коњаниците на 35. Илинденски марш вечерва тргнаа кон Крушево каде што треба да пристигнат на 2 август кога ќе се одржи централната манифестација по повод 110-годишнината од Илинденското востание.

Дваесет и петте коњаници беа испратени од дворот на црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче каде добија благослов од претставници на Македонската православна црква.

На испраќањето присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.

Посакувајќи им успешно и безбедно пристигнување до Крушево, претседателот Иванов истакна дека преку коњаничкиот марш се одржува жив споменот на илинденските востаници и на нивната борба за слободна и независна Република Македонија.

– Учеството на „Илинденскиот коњанички марш“ е предизвик, но и привилегија и чест. Секоја година има сè повеќе и повеќе пријавени кандидати за учесници и сè повеќе и повеќе пријатели и поддржувачи на манифестацијата. „Илинденскиот коњанички марш“ е култен настан кој секоја година се подготвува и се реализира со душа и срце. Но, ова не е марш и манифестација само за спомен на минатото, тоа е и влог во сегашноста и залог за иднината. Македонските граѓани, овде во Лисиче, во Крушево, и во секое друго македонско село или град, никогаш нема да ја заборават жртвата на илинденците и нема да дозволат никој да ја доведе во прашање македонската државност, нагласи Иванов.

Македонската коњаница годинава е предводена од Јохан Тарчуловски, а традиционално е придружувана од фалангата составена од 20-тина членови.

Коњаницата својот поход кон Крушево го почна од дворот на општина Аеродром каде градоначалникот Ивица Коневски им го предаде општинското знаме.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on