Бакрачески: Општина Охрид ќе бара кредит од Светска Банка

Од:

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески демантира дека Владата на Македонија на општина Охрид и дала финансиска помош во висина од 3 милиони евра со која би биле покриени дел од долговите. Но Бакрачески за А1он призна дека се заинтересирани за кредит од Светска банка со кој би биле покриени некои од сегашните долговите на општина Охрид

„Она за што ние преговараме со државните институции е добивање на кредит од Светска банка кој ќе биде со поволна каматна стапка и на подолг временски период со кој очекуваме дека во наредниот период ќе можеме да ги сервисираме дел од долговите и да реализираме дел од инфраструктурините, комуналните и сообраќајните решенија во градот за кој има потреба“, рече Бакрачески.

Бакрачески рече дека општината очекува да добие кредит во висина од 4 милиони евра.

„Според критериумите и според бројот на жители во Охрид и според податоците за годишните буџети на општина Охрид , тој кредит би требало да се движи помеѓу 4,1 и 4,4 милиони евра“, рече Бакрачески.

Долгот на општина Охрид во моментот изнесува повеќе од 32 милиони евра. Струшкиот градоначалник Села неодамна се пожали дека државата нема исти аршини кон Охрид и Струга. Тој рече дека на Струга и биле одземени 300.000 евра по основ на долгот што Охрид и Струга заедно го имаат за Проаква, а на Охрид од централниот буџет и биле доделени дополнителни средства.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски