ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Ахмети признава дека покрај СДСМ главната причина за неуспех на државата е самата ДУИ, лошата е што ДУИ со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата

Од:

„Добро е што Ахмети признава дека покрај СДСМ главната причина за неуспех на државата е самата ДУИ, лошата вест е што ДУИ заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ да не ја монополизира својата улога кај Албанците, бидејќи ако за ДУИ беа вистински важни Албанците немаше да ги крадат со тендери и криминал, како што тоа СДСМ го прави на ниво на цела држава.

Секогаш кога Ахмети сака да се додвори кај странскиот фактор веднаш се откажува од Косово, а секогаш кога треба да крадат и да им врват тендери во четири очи, зборат во јавноста за патриотизам.

Во канцеларијата на кој лидер во светот наместо книги, стои машина за броење на пари, како што е случајот со Али Ахмети. Тоа е доказ дека ни права ги интересираат, ниту имаат чувство за грижа за народот, туку само тендери и договори во четири очи.

ДУИ го нема монополот кај Албанците, а на тоа треба да реагираат и Алијанса на Албанците, и БЕСА, и Алтернатива и сите останати партии.

Критиките кон ДУИ не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои ги злоупотребуваат сите граѓани.

Затоа денес имаме влада администрирана од Ковачевски, а вистински водена од ДУИ на Груби, Бектеши, и Османи, влада без резултати, каде од зелена агенда ја признаваат само зелената боја на парите. И Македонците, и Албанците со СДСМ и ДУИ живеат се потешко“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет