Во Чешка се регистрирани 57.195 нови случаи на коронавирус, најмногу на дневна основа од почетокот на пандемијата, соопшти денеска чешкото Министерство за здравство.
Според Министерството, регистрирани се 9.775 случаи на повторна инфекција со вирусот, објави Ројтерс.
Во Чешка, која има 10,7 милиони жители, вчера се регистрирани 2.653 болнички приеми на заразени, што е помалку од претходниот период.