ВМРО-ДПМНЕ: За да вртат камиони со струмички таблици во Дрисла, на фирма блиска до Рашковски се менувани услови во сред оглас

Од:

„За да вртат камиони со струмички таблици во Дрисла, на фирма блиска до Рашковски се менувани услови во сред оглас. За време на активен оглас за набавка на услуга – машини за работа во Дрисла се бришани условите како што било барањето за минимум 12 вработени. За со така сменети услови фирмата на Александар Пиперевалиев, кој е во роднинска врска со Драги Рашковски да добие тендери за две години во вредност од 850 илјади евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали фирмата на Пиперевалиев ги добивала тендерите, кои патем се преговарани во четири очи заради неговата роднинска врска со Рашковски, и дали немало друга фирма која можело да работи во Дрисла под истите или можеби и подобри услови за претпријатието, па морало да се склучува договор во четири очи со роднината на Рашковски?

Дали тие 850.000 евра, не можеле наместо за изнајмување на машини да се искористат за купување на нови машини на претпријатието или за редовно сервисирање на постојната механизација?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски