Лавров: САД се подготвени да разговараат со Русија за безбедносните гаранции

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека Вашингтон е подготвен да разговара за барањето на Москва за безбедносните гаранции, во коментари што се дадени директно по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Лавров истакна дека му рекол на Блинкен оти Русија ќе продолжи да инсистира на нејзините барања, вклучително и дека Западот се држи до своите безбедносни „обврски“.

Шефот на руската дипломатија додаде дека „Блинкен се согласил оти тоа е тема за натамошна дискусија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката