Приведен струмичанец, поднесена кривична пријава за обид за убиство

Од:

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници Одделението за внатрешни работи Струмица по преземени мерки и активности во текот на вчерашниот ден го лишија од слобода 33-годишниот Ф.Д. од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство, информира МВР.

– Имено, на 24.12.2021 во СВР Струмица било пријавено дека во ЈЗУ Општа болница Струмица со тешки телесни повреди од тврд предмет бил донесен М.О.(56) од село Нова маала, општина Василево. Од преземените активности од страна на полициските службеници било утврдено дека на критичниот датум осомничениот во домот на М.О. го извршил кривичното дело, соопшти МВР.

Денеска СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Д., по член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Би можело да ве интересира

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Уапсен е возач кој управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

А1он

Левица: Тошковски продолжува со алармантни тендери-милиони ќе се слеат во блокирани и фантом фирми

Предраг Петровиќ

МВР: Уапсени се четворица осомничени криминалци во акцијата „Букнер“

А1он

МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп – Градско

Апсење на члeнови на „Беланоца-Барон“ за убиствата на Пластичарска и во Ханиоти