Ненад Периш: Едно ми е, најблаго кажано, многу чудно

Од:

Помина еден месец откако ноќта на 30 кон 31 декември во Белград исчезна младиот Матеј Периш (27), кој шест часа порано дошол во градот со шест пријатели од Сплит за да ја дочека Новата година. Неговиот татко Ненад Периш изјави дека нема да изгуби надеж.

– Нема нови информации, за жал нема, се надевам дека ќе има. Што се однесува до неговите пријатели, и моите пријатели, тие, вклучително и пријателката Маја, според јавноста, контактирале последни со Матеј и според некоја логика, која можеби не е вистина, мора да знаат каде отишол, рече Периш и порача дека смета дека логиката не е точна.

Ненад истакна дека кажале се што знаеле, ги испрашувала и српската и хрватската полиција.

– Секогаш е исто, тие не го виделе Матеј откако излегол од клубот. Не знаат зошто заминал. Имаат желба да реагираат, тоа е многу болно, на сите овие написи… целосно ги разбирам. На нив е како понатаму ќе реагираат, тие се во шок. Тие се млади луѓе, ова им е тешко – рече тој и додаде дека чекаат да се појави Матеј.

– Мислам дека Матеј сакаше да оди некаде. Не да побегне, туку да оди некаде, одговори тој на прашањето за видеата што ги коментираше претходно и рече дека Матеј се обидел да сопре три такси возила, но дека само едно застанало. На прашањето за написите дека на Матеј и неговите пријатели им се допаѓаат разни предизвици, таткото рече дека не верува во тоа.

Што се однесува до неговиот мобилен телефон, Периш рече дека Матеј имал нов телефон кој има можност да биде во вода и до половина час. Го набавил затоа што се занимавал со возење чамци.

-Тој мобилен телефон ако бил во вода дал сигнал после два и пол часа. Ова е збунувачки, дали е можно телефонот да даде сигнал после два и пол часа? Дали е можно да се појавил на површината? Мене, најблаго кажано, ми е многу чудно. Врз основа на овие претпоставки не можам ништо да заклучам, дека се работи за потрага по маж, мислам дека врз основа на такви сознанија не можеме ништо да заклучиме. Можеме да заклучиме дека тоа е дилема што може да се реши на друг начин, тоа е недоволна информација – рече Ненад и додаде:

– Мојот син е насочен кон работа, училиште, пријатели, спорт. Досега немав сознанија дека се користат опијати. Во комбето… Знам дека пиеја, млади луѓе. Останатото не можам да го коментирам, не го познавам таков – рече тој на прашањето за информацијата дека полицијата пронашла траги од опијати во комбето со кое дошле од Хрватска.

Што се однесува до таксистот кој го сопре Матеј, Периш рече дека дошол до прозорецот и прашал дали е слободен, а таксистот рекол дека вози.

– За жал. За жал таксистот веќе возел некој. Да успееше да влезе внатре, веројатно ќе знаеја каде е. По се што констатиравме досега, немаме конкретен одговор. Тоа што помина многу време, споредено со првиот ден, денес ми е потешко и понеизвесно, тоа е моето размислување и желба. Но додека не се докаже спротивното и додека не се најдат некои факти, тој ќе ми биде жив, го очекувам. Се додека има еден процент надеж… – рече тој.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски