ВМРО-ДПМНЕ: Огромниот број на смртни случаи од ковид одат на совеста на неспособната влада на СДСМ и ДУИ

Од:

„Огромниот број на смртни случаи од КОВИД одат на совеста на неспособната влада на СДСМ и ДУИ. Само во текот на вчерашниот ден како последица од КОВИД заболување животот го загубиле 26 лица“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Над 8.000 луѓе, колку што жители има едно Крушево, Берово или Кратово починале откако почна пандемијата.

Власта прво не набави вакцини, туку бркаше провизии, и половина година народот немаше каде да се вакцинира па одеше во земјите од соседството.

Откако се набавија вакцини продолжи негрижата преку монтирање на картонски болници, од кои една изгоре и одзема живот на 14 наши сограѓани, случај за кој до денес нема одговорност.

Во текот на целиот период на пандемијата власта се однесува неодговорно. Неодговорна е и сега кога учениците наместо со онлајн настава, ги тера на настава со физичко присуство“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче