ВМРО-ДПМНЕ: Освен матни софтвер иновации, со Рашковски се поврзува и милионски тендер во Дрисла

Од:

„СДСМ молчат за скандалот со фирмата блиска до Рашковски која што земала тендери од 850 илјади евра од Дрисла. Фирмата Алпима Градба од Струмица во 2019-та и 2020-та изнајмувала машини во Дрисла во износ од скоро еден милион евра. Оваа фирма е во сопственост на Пипервалиев, човек близок до Драги Рашковски, омилениот лик и десна рака на Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој договор е склучен во четири очи веднаш штом Дрисла стана јавно претпријатие, без јасни критериуми. Како да нема друга компанија во Скопје и во Македонија која има механизација која може да биде ангажирана на Дрисла, па морала да биде ангажирана компанија од Струмица, во сопственост на човек близок до Рашковски.

Ете како власт на заевизмот во екот на здравствената криза делела матни тендери во износи од речиси милион евра на фирмa блискa до функционери на власта. Ова е уште еден показател дека Зоран Заев го преслика на централно ниво системот на испумпување на народни пари кој што го применуваше во Струмица. Тандемот Заев и Рашковски одлично функционирал, штом фирми блиски до нив добивале тендери од софтвер, па се до депонии. За ваквите зделки мора да има одговорност од сите чинители, затоа што недомаќински се трошеле парите на народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче