Вчера свечено беа отворени 22-те Олимписки игри на глуви Deaflympics, кои се одржуваат во Софија, Бугарија.
На Олимписките игри ќе учествуваат 95 држави од целиот свет со преку 6.000 спортисти. Македонија ќе учествува во пливање, багминтон и атлетика со 4 спортисти.
Денеска на спортските терени прв настапи пливачот Андреј Стојаноски, кој на 200 метри слободно го освои 10-тото место во конкуренција на 59 пливачи.
Во дисциплината ( во која од него најмногу се очекува) 1.500 м слободно, во својата квалификациона група го освои првото место со време 17,10,05 и во финалето ќе настапи со 4-ти постигнат резултат.