Џонсон го прими извештајот за „партигејт“, подоцна денеска ќе се обрати во Парламентот

Од:

На британскиот премиер Борис Џонсон му беше врачен долгоочекуваниот извештај од истражителите за забавите на кои тој и неговите соработници ги прекршиле строгите мерки против коронавирусот, но содржината не беше објавена бидејќи е во тек полициска истрага.

Владата соопшти дека државната службеничка Сју Греј доставила ажуриран извештај за истрагите што ги водеше за премиерот.

Од кабинетот на Џонсон изјавија дека извештајот ќе биде објавен и дека премиерот по тој повод во текот на денот ќе се обрати пред Парламентот. Сепак, тешко дека ќе биде објавена целосната приказна за наводите што ја потресоа владата на Џонсон.

Дел од наодите од извештајот нема да бидат објавени на барање на полицијата, која покрена специјална истрага дали некои од речиси 20-те собири кои Сју Греј ги истражувала ги прекршиле законите поврзани со борбата против коронавирусот. Наводите дека премиерот и неговите блиски соработници ги прекршиле строгите ограничувања наметнати од владата за борба против коронавирусот, предизвикаа гнев во јавноста, но и интензивни расправии во Конзервативната партија на Џонсон, при што некои пратеници бараат негова оставка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Борис Џонсон: Уверен сум дека Трамп ќе помогне да се стави крај на војната во Украина

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он