Каевски: Арсовска нема реализирано ниту еден проект, стопирањето на крупните проекти е на штета на скопјани

Од:

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, вели дека скопската градоначалничка Данела Арсовска на денешната прес конференција не кажала за ниту еден сработен проект.

„Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема реализирано ниту еден, повторувам ниту еден конкретен, крупен проект. Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Обновата на Универзалната сала. Бесплатниот превоз за скопјани. Треба да бидат завршени реконструкциите на 10 тина улици.

Поминаа 82 дена од мандатот а наместо решенија и проекти, граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности.

Во својот отчет денеска Арсовска заборави да спомене неколку работи кои го одбележаа нејзиниот досегашен мандат:

Го прекина проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари.

Комплетно ги партизираше јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје.

Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ.

После 82 дена јасно е дека Данела Арсовска е најслабата градоначалничка на Скопје

Скопје и неговите граѓани не заслужуваат неспособна градоначалничка како што е Арсовска“, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он